Е.Пелистер 2 со два нови голмани

173

Тимот на Е.Пелистер 2 предмалку објави дека потпишана е соработка со два нови чувари на мрежата за следната 2022/23 сезона. Нови членови се Мартин Јовановски и Василије Печурица. Јовановски е производ токму на Е.Пелистер, а по настапите за германскиот Дансенберг, и претходно Струга, Охрид и алжирски Петролиер сега се враќа во матичниот клуб. Maртин Јовановски се обврза на договор на две години.

Печурица пак е интернационалец од Црна Гора, и доаѓа од тимот на Струга.

Двајцата ракометари ќе пристигнат на подготовките за новата сезона на 20 јули, а потоа и официјално ќе бидат претставени пред медиумите. Покрај овие две нови имиња, од следната сезона Е. Пелистер 2 ќе биде посилен и за средниот бек Мартин Ивановски, кој доаѓа од Охрид.

 

ПретходноМиленкоски седнува на клупата на ПАОК
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА поддржувач на македонскиот фудбал