Зејнулаи од Работнички направи трансфер во Албанија

281

Фудбалерот од средниот ред на Работнички, Албин Зејнулаи ќе игра во албанската Суперлига и тоа во клубот Егнатиа од градот Рогожина. 23-годишниот тетовец со новиот клуб потпиша тригодишен договор.

Инаку Зејнулаи ја почнал кариерата во Шкендија, играл и во Локомотива Загреб пред да се врати во Македонија и да се пресели во Работнички.

Егнатиа минатата сезона се бореше за опстанок, но успеа да го сочува прволигашкиот статус по победата во плеј-офот.

ПретходноКристијан Ериксен се договори со Јунајтед!
СледноМИ: Убедлив пораз од Египет во полуфиналето, Македонија ќе игра за третото место!