Се чини дека конечно правдата стаса кога станува збор за сите перипетии во и околу ОФС Тетово. По долго време, сега може да се каже дека и официјално Фисник Хисени е важечки претседател на овој опшински фудбалски сојуз.
Во продолжение ви го проследуваме соопштението ОФС Тетово…
“Општинскиот фудбалски Сојуз на Тетово со веќе потврдениот валиден претседател, г. Фисник Хисени преку ова сопштение за медиуми сакаме да ја известиме јавноста за спроведување на правдата на свое место. Сега и официјално можеме да потврдиме дека Општинскиот фудбал на Тетово е ослободен од “лисиците”. Со одлука на Второстепената Комисија за жалби, функцијата претседател на Општинскиот фудбалски Сојуз на Тетово му се предава на важечкиот претседател, Фисник Хисени. Вака се става крај на ропството на овој Општински Сојуз од страна на поранешниот претседател Мемет Абдиу преку Централниот регистар на РСМ, од каде спротивно на секаква статутарна и законска основа, како и покрај тоа што Фудбалската федерација на Македонија го препорачуваше спротивното (го прифаќаше Фисник Хисени како легитимен претседател), решија ОФС Тетово да биде предводена од страна на лице со истечен мандат од 2016 година и за уште повеќе дека бил оптоварен со тужба. За среќа, правдата конечно излезе на виделина“.