Кристијан Ериксен и официјално е нов играч на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ и данскиот фудбалер потпишаа договор на три години.
Тој во Јунајтед доаѓа како слободен играч, откако претходно неколку месеци играше за Бернтфорд.
Ерик тен Хаг е клучниот фактор за овој трансфер, неколку пати разговараше со 30-годишниот Данец, кој не се двоумеше многу, прифати да биде дел од новиот проект на „Олд Трафорд“.
Ериксен во следните денови ќе направи лекарски прегледи, а потоа и официјално ќе биде претставен.
Овој фудбалер пред две години доживеа тежок срцев удар за време на Европското првенство. Иако се чинеше дека неговата кариера е звршена, тој се врати на терените уште посилен.