Противникот на македонскиот шампион Шкупи во 1. коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, екипата на Линколн Ред Импс од Гибралтар, тргна кон Скопје. Утре од 20.45 часот овие два тима на Национална арена ќе го одиграат првиот меч од елиминациската рунда.
Пред доаѓањето во Скопје, Линколн обезбедил две нови голмански засилувања, со кои тргна на пат за Македонија. Нови голмански имиња во составот од Гибралтар се Наусрет Гарсија, кој потекнува од школата на Тенерифе, како и 26-годишниот Иван Вилануева, кој досега настапувал во повеќе шпански нисколигаши.