Македонија – Украина со директен пренос на „Спортклуб ХД“

313

Љубителите на кошарката во нашата земја, и пошироко, се разбира, ќе имаат можност да го проследат последниот натпревар на нашата најдобра селекција во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година, кој е последен од овој циклус.

Македонија игра против Украина во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 15 часот, влезот е слободен. Оние кои не можат да стигнат во сала, истиот ќе можат да го голедаат спортскиот ТВ канал „Sportklub HD“.

Нашата репрезентација има пет порази во исто толку одиграни натпревари, желбата на сите момци е да дојдат до победа, која ќе биде добредојдена за зголемување на самодовербата, но и наградата за сите оние кои не бараа изговори за да го облечат националниот дрес.

ПретходноНикола Кузманов повеќе не е тренер на Слога Виница
СледноГостуваме на Саудиска Арабија во октомври, Милевски ќе поведе само домашни играчи