По една извонредна сезона на клупата на Финикас, трофејниот македонски одбојкарски стручњак Јошко Миленкоски го презема еден од најсилните одбојкарски состави во соседна Грција, солунски ПАОК.
Денеска Миленкоски постигнал договор за едногодишна соработка со тимот кој минатата сезона имаше одлична сезона и беше најдобриот во регуларниот дел од сезоната во грчката А1 лига.
„Имав навистина неколку одлични понуди, но ја прифатив оваа на ПАОК затоа што е тим кој секогаш има високи амбиции, блиску е до нас, и мислам дека можеме да се бориме со гигантите како Олимпијакос и Панатинаикос. Ќе биде убава и се надевам успешна сезона“, ни изјави Миленкоски.