МИ: Убедлив пораз од Египет во полуфиналето, Македонија ќе игра за третото место!

251

Македонската машка ракометна репрезентација е поразена во полуфиналето на Медитерански Игри. Момците на селекторот, Кирил Лазаров беа поразени од Египет со убедливи 34-20 (9-16), меч кој го загубија пред крајот на првото полувреме. По овој пораз Македонија ќе се бори за третото место во Алжир.

Променлива игра на „црвено-жолтите“ во првото полувреме, кобен беше финишот, во кој наместо да дојдат на негатива од еден гол, примија набрзина пет погодоци, па противникот поведе со 9-16. Ова беше период во кој Македонија имаше технички грешки, како и играч помалку на теренот. Избраниците на Кирил Лазаров не поведоа ниту еднаш, Египет отвори со 1-4, нашите ракометари првиот гол го постигнаа во петата минута, откако претходно четири минути никој од двата тима не постигна ниту еден гол. Одличен беше Марко Кизиќ на голот со осум одбрани. Македонија беше на негатива од два до три гола во овој дел од мечот, се до падот пред одморот.

По пет девет минути игра во второто полувреме, Египет дојде на 12-22. Лазаров веднаш повика тајм-аут. Нашите момци не успеаја да се вратат од големата негатива, Египет наметна силно темпо, кое едноставно беше недостижно. На седум минути до крајот беше 19-31, најголемата негатива беше 20-34. Гогов во финишот одбрани седмерец.

По овој пораз Македонија за третото место на МИ ќе игра со поразениот од Шпанија и Србија.

ПретходноЗејнулаи од Работнички направи трансфер во Албанија
СледноРеакција на МОК по повод написот – Хаос во Оран…