Не сакаме меч со Њукасл: „Ако играте со нив, значи дека го признавате режимот во С . Арабија!

1573

На 18 јули германски Мајнц треба да му гостува на Њукасл во пријателски претсезонски меч, но истиот е неизвесно дали воопшто ќе се одигра, откако

германските навивачи инсистираат клубот да го откаже дуелот, бидејќи англискиот фудбалски клуб има сопственици од Саудиска Арабија.

„Апелираме Мајнц 05: Заземете став! Откажете го натпреварот против Њукасл Јунајтед! Со овој настап Мајнц активно го поддржува саудискиот режим и со тоа индиректно политички го признава“, велат навивачите на клубот.

Тренерот на Мајнц, Бо Свенсон, вели дека го разбира гневот кај навивачите на клубот, но признава дека од спортски аспект, ова ќе биде исклучително потребен меч за Мајнц.

Мајнц се уште не се повлекол од тест-натпреварот.

ПретходноМИ 2022: Георгиевска стигна само до четвртфиналето
СледноНесторовски во Удинезе до 2023 година!