Пораз за Македонија У18 на втората контрола во Софија

83

Младата селекција на Македонија „Под 20“ години запиша пораз на вториот подготвителен натпревар на гостувањето во Софија. Бугарија беше подобра со 73:65.

Нашите млади кошаркари го добија првиот период (16:13), но домаќинот пред одморот успеа да израмни на 35:35.

Третата четвртина им припадна на „црвено-жолтите“ (20:14), но застанаа во последниот. Домашната селекција имаше доста подобар финиш, за тие десет минути направи (24-10), за резултатски пресврт и краен успех од (73:65).

Лука Савиќевиќ реализираше 21 поен, имаше и три скокa и едно додавање. Андреј Андоноски постигна 14 поени (плус шест скока и две додавања), додека Марко Миловановиќ оваа средба ја заврши со десет реализации (плус и два скока и три асистенции).

По шест поени постигнаа Хот и Василевски, Младеновски имаше четири, а Петков и Петрушевски по два поени, а Андреј Митревски беше единствениот кој не запиша минути на оваа проверка по која нашиот тим „Под 20“ години се враќа во Скопје.

ПретходноРаботнички потпиша договор со Бојан Иванов!
СледноКристијано Роналдо не се појавил на првиот тренинг на Јунајтед!