Ракометарките со прва победа на Медитеранските Игри!

395

Македонската женска ракометна репрезентација го запиша првиот триумф на Медитеранските Игри, кои се одржуваат во Алжир. Серијата од три порази во низа избраничките на Љубомир Савевски ја прекинаа против домаќинот, го совладаа со убедливи 23-33 и го освоија 7.метото место на овие Игри.

Оваа средба беше решена уште во првото полувреме. Македонија на одморот замина со предност од пет гола (12-17), по последното водство на противникот од 5-4, нашите ракометарки поведоа со 6-8, а контролата на мечот ја превземаа во втората половина од првото полувреме. Со серија од три гола, зголемија на 8-11, нешто подоцна имаа и плус 6 (11-17).

Во продолжение, „црвено-жолтите“ не дозволија изненадување. Беа сигурни и без проблем го приведоа дуелот.

ПретходноРакометарите на мегдан со Египет за финале на МИ
СледноМИ 2022: Георгиевска стигна само до четвртфиналето