Реакција на МОК по повод написот – Хаос во Оран…

303

 

На 30 јуни објавивме текст со наслов “Хаос во Оран, спортистите оставени само на себе, од МОК ги нема никаде“. Се разбира дека информациите беа од Оран, од дел од луѓето од нашата делегација која е таму на МИ во Алжир. Нашата намера беше работите под итно да се подобрат.

На тој напис следуваше реакција на МОК, поточно на лицето Јордан Тасевски, кој таму бил во улога на заменик на шеф на мисијата, барем така се претстави извесниот Тасевски.

Во продолжение во ја презентираме целата реакција на извесниот Тасевски.

„На ден 30 Јуни 2022 година во 15.55 часот со наслов “Хаос во Оран, спортистите оставени сами на себе, од МОК ги нема никаде”! Ве информираме дека Вашата непоткрепена објава за гореспоменатото е неточна и крајно тенденциозна. Со ваква објава за македонската делегација составена од 114 учесници во Оран се нарушува обединетата атмосфера на целиот Македонски тим која е на највисоко ниво како никогаш досега. Досегашните натпревари кои се одржаа беа во целост координирани и поддржани од тимот на Македонскиот Олимписки комитет (МОК), со тоа што истите се присутни на секој тренинг и натпревар на сите спортови. Справувањето со техничките недостатоци и целокупното фукнционирање на Медитеранските игри (МИ) Оран 2022 апсолутно нема никаква поврзаност со МОК кој најпрофесионално се справува со сите потешкотии кои ги имаат нашите спортисти и нивните раководства кое трае од самиот почеток. Ве молиме во иднина Вашите новинари да се однесуваат професионално, да не објавуваат непроверени, лажни и неетички информации. Сигурни сме дека овие дезинформации нема да имаат влијание врз резултатите на нашите спортисти. Зад овој демант стои целокупната Македонска делегација составена од спортисти и официјални лица, учесници на овие МИ Оран 2022. На нашите спортисти им треба сега мир и искрена поддршка а не лов на прегледи со лажни вести и сензационализам“.

ПретходноМИ: Убедлив пораз од Египет во полуфиналето, Македонија ќе игра за третото место!
СледноНикола Кузманов повеќе не е тренер на Слога Виница