Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг веќе почна да ги наметнува своите методи на работата со тимот. „Црвените ѓаволи“ ги започнаа подготовките пред една недела и веќе се чувствува ветерот на промени во клубот, велат новинарите. тен Хаг бара од својот тим повторно да почне да игра атрактивен и напаѓачки фудбал. Друга важна задача ќе биде да се изгради тимски дух и да се врати моралот кај играчите.
Затоа тој веќе има неколку конкретни правила кои ги поставил на тренинзите.
-Страничните и додавањата назад нема да се толерираат. За таа цел, тренерот ги отстранува од тренинзите играчите кои премногу често не поминуваат напред.
-Фудбалерите треба да ја подобрат својата физичка кондиција и тој не сака повеќе да ги гледа неприфатливите гестови и говорот на телото од минатата сезона.
-Забрането е играчите да се делат во групи во соблекувалната.
-Младите играчи ќе добијат шанса да се докажат, па дури и да бидат стартери во составот. При изборот на стартните единаесетмина нема да се зема предвид статусот на ѕвезда или платата на играчите. Единствено важен е ангажманот на секој фудбалер на тренинзите.