Тиквеш го потврди Карчески

433

Како што најави Спортмедиа, нов играч на тимот на Тиквеш од денеска официјално е Даниел Карчески. Левокрилниот напаѓач ги засилува кавадарчани кои следната сезона ќе имаат реално видоизменет состав отколку минатата година, од која секако не можат да бидат задоволни.

Играа бараж, тоа не смее да се повтори и затоа засилувањата летово се многу чести.
Карчески доаѓа од Победа, со која успеа да избори пласман во ПМФЛ, но реши да ги промени клупските бои.

 

ПретходноМанев ќе учи од Балотели…. и како треба и како не треба
СледноГолема штета: Македонија со пораз ги заврши квалификациите за СП (ФОТО)