Украина вечерва без Пустовиј и Лукашов на дуелот со Македонија

140

Украина веќе си го потврди местото во следната фаза од квалификациите за СП 2023, па во Скопје нема да биде во најсилниот состав. На вечерашниот дуел со нашата репрезентација, Украинците остануваат без двајца свои исклучително битни кошаркари.

Во „Борис Трајковски“ вечерва ќе ги нема Артјом Пустовиј и плејмејкерот Денис Лукашов. И обајцата беа меѓу најефиканските во украинскиот тим во овој квалификациски циклус.

Ова е уште една шанса плус за момците на Бајиќ да се обидат на најдобар можен начин да ги завршат овие квалификации.

ПретходноХотелите се распродадени: СП во Катар во шатори во кои едно ноќевање ќе чини 400 евра! (ФОТО)
СледноИнтер сака да го врати Давид Луиз во Европа