Екипата на Вардар својата нова, втора по ред, второлигашка авантура ќе ја стартува в среда кога и официјално ќе ги започне подоготовките за следната сезона.
Целта е јасна, а тоа секако е прва лига, а Вардар во овие подготовки влегива нешто видоизменет. Си замина доста фудбалери, пристигнаа нови, од типот на Попзлатанов, Јаневски, Христов, кој ќе треба да ги пополнат местата на оние кои веќе не се дел од „црвено – црниот“ табор.
Прозивката е закажана за 6 јули (среда) со почеток во 17:30 на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари. Во Скопје екипата ќе тренира се до заминувањето во Охрид на 26 јули каде ќе остане до 5 август.
Вардар ги закажа и следните пријателски средби кои ќе бидат одиграни во следниот период.
-17ти јули (дополнително ќе биде објавено)
-23ти јули против екипата на ФК Скопје
-27ми јули против екипата на ФК Охрид
-31ви јули против екипата на ФК Пелистер
-5ти август против екипата на Егнатиа (Албанија)