Македонската фудбалска репрезентација на крајот од годинава односно во месец октомври ќе оствари гостување во Саудиска Арабија за да одигра пријателски дуел. Мечот е закажан да се игра во Абу Даби, и ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да направи проценка на играчите кои во моментов реално и немаат шанса за минутажа.
Дотолку повеќе, овој дуел ќе биде резервиран исклучиво на играчи од домашниот шампионат, евентуално некаков поединец кој е интернационалец, на кого ќе му биде дадена шанса.
Макдононија има закажано дуели од Лигата на Нации во на 23 септември против Грузија на гости како и против Бугарија на домашен терен три дена подоцна.