Кристијано Роналдо не се појави на денешниот тренинг на Манчестер Јунајтед. Португалецот имал разговор со раководството на клубот, неговото објаснување било дека ќе биде отсутен поради приватни семејни причини.
Но, веќе на големо се шпекулира дека тој ќе си замине од „Олд Трафорд“, нема намера да пропушти сезона во Лигата на шампионите. Иако неговата желба е да си замине, засега информациите велат дека тој не е на продажба, ова го знае и Роналдо.
Менаџерот на Португалецот, Мендес бара опции за 37-годишниот фудбалер, но засега нема ништо официјално.