Македонскиот младински репрезентативец Јован Манев веќе два дена е дел од тимот на Адана Демирспор каде што направи сензационален трансфер од Брегалница.
Манев на големо изненадување на нашата јавност му се приклучи на овој екстра амбициозен турски суперлигаш кој има амбиции за највисок пласман. Токму затоа мора допрва напорно да работи и да ја искористи секоја дадена шанса. И да учи секој ден. А има и од кого. Од тренерот Винченцо Монтела, и од некогаш големата италијанска фудбалска надеж Марио Балотетли.
„Лошото“ момче на светскиот фудбал и тоа како знае што треба да се направи за да стигнеш до врвот, но и што не треба да направиш. Неговите лоши одлуки во кариерата, направија истата да стагнира и да не го исполни потенцијалот кој го имаше, да стане еден од најдобрите во светот.
Токму затоа Манев од првиот тренинг нека учи токму од Балотели, што треба и што не треба да се прави за да се се стигне до светскиот фудбалски крем.