МИ 2022: Георгиевска стигна само до четвртфиналето

72

Преостанатите тројца македонски таеквондисти кои утрово се појавија на Медитеранските Игри во Оран, брзо го завршија настапот.

Анамарија Георгиевска единствена успеа да избори пласман во четвртфинале по победата над Сандиќ од БиХ во 1. коло, но во борбата за пласман во полуфиналето загуби убедливо од Јелиќ од Хрватска со 28:2.

Во машка конкуренција Дилип Додевски и Марко Аврамоски беа запрени уште во 1. коло.

Аврамовски во категорија до 58 килограми загуби од Алжирецот Атуи со 34:14, додека Додевски во категорија до 80 килограми беше поразен во првиот настап од Турчинот Картал со 24:13.

ПретходноРакометарките со прва победа на Медитеранските Игри!
СледноНе сакаме меч со Њукасл: „Ако играте со нив, значи дека го признавате режимот во С . Арабија!