Навивачите на Олимпија го избркаа новиот тренер од пресот

1717

Проблемите за Олимпија од Љубљана се зголемуваат од ден за ден. Почна со оставката на Роберт Просинечки по само три и пол месеци работа, продолжи со навреди од страна на претседателот на клубот, а потоа и одговор на Просинечки за најкриминалното раководство со кое работел во кариерата.
Капак на се беше потегот на навивачите кои дојдоа на промоцијата на новиот тренер, Шпанецот Алберт Риера и го избркаа.
Некогашниот играч на Ливерпул дојде да го тренира тимот, но наиде на жестока реакција на навивачите. Се чини ни крив ни должен се најде во оган. Навивачите веројатно се обидоа да се соочат со клупското раководство со кого се во „војна“.

ПретходноСрбија прокоцка 11 поени и изгуби од Белгија – им виси пласманот на Мундобаскетот
СледноШкупи е спремен за триумф над Линколн (Фотогалерија)