На 18 јули германски Мајнц треба да му гостува на Њукасл во пријателски претсезонски меч, но истиот е неизвесно дали воопшто ќе се одигра, откако
германските навивачи инсистираат клубот да го откаже дуелот, бидејќи англискиот фудбалски клуб има сопственици од Саудиска Арабија.
„Апелираме Мајнц 05: Заземете став! Откажете го натпреварот против Њукасл Јунајтед! Со овој настап Мајнц активно го поддржува саудискиот режим и со тоа индиректно политички го признава“, велат навивачите на клубот.
Тренерот на Мајнц, Бо Свенсон, вели дека го разбира гневот кај навивачите на клубот, но признава дека од спортски аспект, ова ќе биде исклучително потребен меч за Мајнц.
Мајнц се уште не се повлекол од тест-натпреварот.