Работнички потпиша договор со Бојан Иванов!

307

Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер е Бојан Иванов, 27-годишниот фудбалер за врска кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.

Бојан Иванов е играч од средниот ред се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски. Тој од стартот на подготовките се приклучи на тимот, а сега и официјално се договори за двегодишна соработка.

Иванов во досегашната кариера настапувал за Македонија ЃП, Борец Велес, Академија Пандев, Овче Поле, Плачковица, Саса, Брегалница и за Слога Виница.

ПретходноНесторовски во Удинезе до 2023 година!
СледноПораз за Македонија У18 на втората контрола во Софија