Седлоски: Да покажеме зошто сме шампиони на Македонија

337

Актуелниот ПМФЛ шампион тимот на Шкупи, утре со почеток од 20:45 на Арената Филип Втори во Скопје, ќе го одигра првиот од двата дуели во прелиминарната квалифиакциска фаза од Лигата на Шампионите против најдобриот тим од Гибралтар, екипата на Линколн. Тим кој минатата сезона беше едно од изненадувањата кое играше во групмата фаза од Конференциската лига, а сега сака да го повтори тој успех и сезонава. Сака, но дали ќе успее зависи од тимот на Шкупи.

„Сакам да кажам дека сме максимално подготвени. Месец дена се подготвуваме, и пред а и откако го дознавме противникот. Мислам дека сме подготвени за предизвикот. Не потценуваме никого, максимално сме сконцентрирано. Против било кој противник ние ќе ја играме нашата игра“ – вели стратегот на Шкупи, Гоце Седлоски па додава.

„Незгодни се, и би бил задоволен нормално со победа, било каква. Доста се агресивни, доста трчаат, доста добро знаат да се бранат. Ќе играме онака како што играме во текот на целата сезона, напаѓачки. Ќе повторам, ние мора да покажеме карактер и капацитет, и конечно на терен да покажеме зошто сме шампиони на Македонија“ – додава Седлоски и веднаш потенцира дека тема е исклучувно Линколн, а не Динамо Загреб, потенцијалниот следен ривал на Шкупи.

„Никој ниту го спомнал, ниту смее да го спомне Динамо Загреб во моментов. Одамна знаеме дека тој би ни бил следен ривал, но за тоа во моментов не станува збор. Направивме сериозна анализа на Линколн, играч по играч, и тоа е нормално. Но, најбитно е ние како ќе одиграме, а не противникот“ – поентира Седлоски

Наумовски: Фаворити сме, но тоа се покажува на терен

 

„Добивме еден ривал по мерка, најлесниот од оние можните. Нема да биде лесно. Само за потсетување играа групна фаза во Конференциска лига. Ќе дадеме максимум, за да дојдеме до позитивен резултат.Најважен е првиот меч. Одиме меч по меч. Да, добро е да се игра против гигант како Динамо, но за нас сега постои само еден ривал, а тоа е Линколн“ – вели капитенот на Шкупи пред утрешниот меч.

 

ПретходноГрузија направи сензација – ја совлада Шпанија!
СледноВојдан: Покажавме карактер и борбеност, така се игра за репрезентација!