Фиорентина си купи плејмејкер за 8,5 милиони евра

299

Фиорентина бараше лидер на средината на теренот и го најде во Роландо Мaндрагора кој дојде од Јувентус. „Виолетовите“ ќе платат 8,5 милиони евра плус уште 1 милиони евра во форма на бонуси кои ќе треба да се исплатат во наредните три години.
Договорот на играчот е до 2026 година, со опција да биде продолжен на уште една.
Модрагора во два периоди беше во Јувентус од 2016 до 2018 година и од 2020 па до сега, но одигра само еден меч за нив во Серија А. Беше позајмуван во Кротоне, Удинезе, Торино.
Сега Фиорентина го купи за да ги реши проблемите во организација на играта. Мaндагора има и еден настап за Италија и тоа во 2018 година на пријателски меч против Франција.
Во текот на кариерата тој имаше две тешки повреди, едната во 2016 година поради скршеница на метатарзалната коска на стапалото, а во јуни 2020 година и повреда на лигаменти поради што отсуствуваше четири месеци.

ПретходноМакедонија против Србија за бронзата на Мeдитеранските игри
СледноСаутемптон извади „лудница“ дресови за новата сезона