Македонскиот тенисер Калин Ивановски убедливо го совлада својот ривал Родриго Пачеко Мендез од Мексико со 2:0 во сетови 6:1 и 6:2 и на тој начин стигна до осминафиналето на јуниорското издание на Вимблдон.
Ивановски имаше одличен ден, со својот силен форхенд и бекхенд му правеше проблеми на противникот кој често беше нервозен затоа што не можеше да најде одговор. Ивановски имаше мали проблеми на почетокот на вториот сет, но како што одминуваше времето беше посигурен и посигурен па лесно дојде до победата.
Мечот траеше 1 час и 6 минути. Во следното коло македонскиот тенисер ќе игра со подобриот од дуелот Бутвилас од Литванија или Колак од САД.