Американец со НБА искуство треба да биде новиот натурализиран Македонец

483

Веќе не е тајна дека раководството на КФСМ беше во потрага на нов Американец, кој ќе го зголеми квалитетот во македонската кошаркарска репрезентација. Иако се очекуваше, тој да биде засилување под обрачите, сепак моменталната ситуација во редовите на нашиот најдобар национален тим ги принуди да се одлучат за плејмејкер.

Истиот веќе двапати го најави и Драган Бајиќ. Дознаваме дека станува за кошаркар со НБА-искуство. Станува збор за Американецот Јоги Ферел, кој игра во тимот на Цедевита Олимпија.

Веќе се направени првичните контакти, нема да биде чудо доколку во август се најде на списокот на нашиот најдобар национален тим.

Овој 29-годишен кошаркар настапи на 259 натпревари во НБА лига, бележеше просек од 7,7 поени и 2,3 асистенции. Ги носеше дресовите на Бруклин Нетс, Далас, Кливленд, Сакраменто и ЛА Клиперс, од каде замина на кратко во Панатинаикос. Откако не се снајде најдобро во грчкиот тим, Ферел се договори со Цедевита, имаше добра сезона.

Во АБА-лигата имаше просек од 12,5 поени, 2,4 скока и 3,4 асистенции за просечни 27 минути. За три поени има просек од 34%, за два 48%, додека од линијата за слободни фрлања 89,1.

ПретходноПСЖ со 50 милиони евра го купува Скамака од Сасуоло
СледноОд Тотенхем и Премиерлигата, сега ќе биде тренер во Саудиска Арабија