Лапорта и Мендеш разговарале за Кунде и Силва, Роналдо не бил главна тема

189

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, повторно е на насловните страници на спортскиот печат, откако синоќа шпански „АС“ објави за средбата на неговиот агент Жорге Мендеш и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Дел од светските медиуми објавија дека Мендеш и Лапорта наводно разговарале за можноста Роналдо да заигра во дресот на Каталонците, но извори од клубот, тврдат дека примарно, на средбата се разговарало за само две имиња: Жил Кунде и Бернардо Силва.

„АС“ тврди дека, меѓу другото, се разговарало и за ситуацијата на Кристијано Роналдо, но малку е веројатно дека Португалецот би се преселил на „Камп Ноу“.  Дел од англиските медиуми шпекулираат дека Роналдо на крајот на летниот трансфер период ќе заврши во Челзи.

ПретходноШпанците натурализираа Американец со кој ќе играат на Евробаскетот 2022
СледноКошаркарите ги чека втора рунда квалификации за Евробаскетот во 2025 година