Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон. Го совлада мексиканскиот тенисер Пачеко Мендез со 2:0 (6:1 и 6:2) во сетови. Последниот поен, победнички за македонскиот тениски ас беше маестрален.
Калин сервираше меѓу нозе и го збуни противникот кој остана во место не очекувајќи ваков мудар потег. Одличниот сервис и топчето заврши во поле, а противникот беше немоќен да врати. Со овој маестрален потег Калин ја запечати победата.