Пријателска: Брегалница ја совлада Победа со 2:0!

520

Попладнаве во Штип, во пријателски натревар, екипата на Брегалница со 2:0 успеа да ја совлада екипата на Победа и со тоа да покаже дека во моментов има подобар тим од прилепчани. Стрелец на првиот гол беше Ѓокиќ во 61.минута, додека штипјани ставија печат на победата во 88.минута за конечни 2:0, стрелец на голот беше Дарко Додев.

Инаку ова беше прв тест и за Брегалница и за Победа, двата наши прволигаши, во текот на летните подготовки. И двајцата стратези, Илчо Ѓорѓиоски и Бобан Бабунски имаа можност да видат со каков потенцијал располагаат во моментов.

ФОТО: Stipski asovi FB

ПретходноСедлоски го објави стартниот состав: Шкупи ќе напаѓа со Сандеј, Данфа, Реналдо…
СледноСо помош на лажен Инстаграм – профил на Милевски, до комуникација со репрезентативците! (ФОТО)