Браво за Калин – перфектен настап и пласман во осминафинале на Вимблдон!

1044

Македонскиот тенисер Калин Ивановски убедливо го совлада својот ривал Родриго Пачеко Мендез од Мексико со 2:0 во сетови 6:1 и 6:2 и на тој начин стигна до осминафиналето на јуниорското издание на Вимблдон.

Ивановски имаше одличен ден, со својот силен форхенд и бекхенд му правеше проблеми на противникот кој често беше нервозен затоа што не можеше да најде одговор. Ивановски имаше мали проблеми на почетокот на вториот сет, но како што одминуваше времето беше посигурен и посигурен па лесно дојде до победата.
Мечот траеше 1 час и 6 минути. Во следното коло македонскиот тенисер ќе игра со подобриот од дуелот Бутвилас од Литванија или Колак од САД.

ПретходноПијани другари формирале клуб, а девет години подоцна ќе игра во Европа
СледноБилетите за дуелот Шкендија – Арарат на продажба – цената 300 денари!