Браво Шкупи: Ова е највисоката победа на чаирчани во Европа!

668

Шкупи – Линколн 3:0, јасно е дека треба да се одиграат уште тие 90 минути на Гибралтар следната недела, но се чини дека уште по првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ се знае патникот во втората рунда и двомечот со Динамо Загреб.

Тоа е тој Гоце Седлоски,си ја знае работата, си знае како треба. Иако меговиот тим една третина од мечот играше со играч помалку сепак неговиот тим беше убедлив, нашиот првак заслужено победи.

И, да. Да не заборавиме. Овој Шкупи, со Седлоски на клупата, ја забележа вечерва највисоката победа во фудбалска Европа во историјата на клубот од Чаир. Тука ги сметаме настапите и на Слога Ј пред две децении.

Досега најубедлив беше триумфот на Шкупи над Лапи лани со 2:0, исто со Седлоски, но сега е оваа вечерашната над Линколн од 3:0.

Браво Шкупи…

ПретходноШкупи го прегази Линколн и веќе гледа кон Динамо Загреб!
СледноСедлоски: Заслужена победа, на Гибралтар одиме претпазливо