Брегалница го договори дефанзивецот Ристевски!

796

Александар Ристевски (30), како што дознаваме, ќе ја засили дефанзивата на Брегалница. Популарниот Егри и раководството на штипските „сини“ нашле заеднички јазик и успеале да се договорат за соработка. Остануваат уште некои детали и искусниот дефанзивец да биде промоворан како ново и големо засилување за тимот на стратегот Илчо Ѓорѓиоски.

Веројатно тој треба да биде замената за Јован Манев кој направи голем трансфер во Адана.

Инаку Ристевски е прилепчанец, а досега во својата кариера има играно за Металург, Скопје, Царев Двор, Победа, Пелистер, Ренова, Влазнија (Албанија), Струга ТЛ, Работнички, Приштина (Косово) кој му беше последен клуб, во Штип доаѓа како слободен играч.

ПретходноПо Ортез му отвори место на ТФТ
СледноЧелик во дефанзивниот ред на Рома