Воша се врати на тренинзи: Ќе бидам подготвен за реваншот со ЦСКА

280

Младиот репрезентативец на Македонија, Арби Воша, се врати на тренинзи по едномесечната пауза која ја направи поради операција на препоните.

„Добар сум. Засега се е ок. Нема да стигнам да се подготвам за првата средба со ЦСКА, но се надевам дека ќе можам да помогнам за втората средба“, вели Воша.

Македонија ЃП се подготвува за првите евро-предизвици со бугарскиот тим во рамките на 2. коло од квалификациите во Конференциската лига.

Претходно„Серуска Спартакијада“: Русите во август прават своја Олимпијада со над 13.000 спортисти
СледноКугларската федерација на Македонија доби нов претседател