Галтие: Роден сум во Марсеј, но ПСЖ во моментов е најдоброто од францускиот фудбал

198

Кристоф Галтие седна на кормилото на Пари Сен Жермен. Она што беше најавено и претходно сега е и официјално. Утринава Маурицио Покетино е разрешен од тренерската функција, а на негово место е назначен Галтие кој е поранешен тренер на Лил.
На прес-конференцијата тој кажа дека се замислував еден ден како тренер на ПСЖ.
Роден сум во Марсеј, меѓутоа ПСЖ отсекогаш бил клубот кој се издвојувал. Тоа е клуб од главниот град, клуб кој во моментов, според мене, е најдоброто од францускиот фудбал“, изјави меѓу другото Галтие кој потпиша до 2024 година.

Jaсно е големото ривалство помеѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ во Франција, но за Галтие немаше место за сентименталност.

Нема подобро место за работа од ПСЖ во моментов. Ако сакаш да освојуваш трофеи тогаш доаѓаш тука. Кога го имавме првиот контакт, веднаш го ставив на страна моето потекло кое е од Марсеј“.

ПретходноСандеј Адетунџи: Гол – машината му се “остри“ на Линколн!
СледноМакедонија тргна со победа без загубен гем на БЏК купот