А. Пандев задутре (четврток – 7 јули) во Гдањск, со почеток во 20:15 часот, треба да го одигра првиот натпревар од двомечот со Лехија во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
И секое патување на наш клуб или репрезентација во било кој спорт, ако не е со чартер лет, тогаш во најмала рака е проблематичо. Па така експедицијата на струмичани, која веќе е на пат, ќе има долго, долго, предолго патување до посакуваната дестинација.
Имено прво се патува со автобус од Струмица до Тирана, потоа се лета со авион од Варшава, за да од главниот град на Полска одново се лета со авион до Гдањск.
Тоа е тоа…