Квалификации – ЛШ: Шкупи е со победнички мисли…

170

 

Како што и доликува,македонскиот шампион, тимот на Шкупи прв од нашите евро претставници вечерва ќе ја отпочне летната одисеја во фудбалска Европа. Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во 20:45 часот во првиот меч од1.квалификациско коло чаирчани се среќаваат со првакот на Гибралтар,тимот на Линколн.

Нема дилеми дека чаирчани се фаворити, дека вечерва од нив се очекува триумф за да биде полесно на реваншот следната недела. Сите во таборот на нашиот состав се со победнички мисли,но нема еуфорија. Стратегот Гоце Седлоски е премногу искусен во фудбалска смисла за да дозволи неговите играчи овој двомеч така лесно го сфатат. Напротив, Седлоски знае дека ваквите мечеви се најтешки за играње, дека нема да биде лесно, но исто така вчера на пресот порача дека треба неговиот состав да покаже зошто е македонски шампион.

Шкупи вечерва ќе игра и за својот рејтинг, секако дека ќе игра и за регјтингот на фудбалска Македонија. Едноставно Шкупи, но и А. Пандев, Шкендија и Македонија ЃП треба да покажат дека и кај нас се игра квалитетен фудбал, дека треба да се даде максимумот и дека треба да се покаже најдоброто од себе во овој момент.

Шкупи е со победнички мисли, а јавноста очекува победа над Линколн и пласман во следната фаза од нашиот шампион, па, нека биде така.

ПретходноКугларската федерација на Македонија доби нов претседател
СледноГибралтарците го прошетаа Скопје…најинтересно им беше покрај споменикот на Александар! (ФОТО)