Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, повторно е на насловните страници на спортскиот печат, откако синоќа шпански „АС“ објави за средбата на неговиот агент Жорге Мендеш и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
Дел од светските медиуми објавија дека Мендеш и Лапорта наводно разговарале за можноста Роналдо да заигра во дресот на Каталонците, но извори од клубот, тврдат дека примарно, на средбата се разговарало за само две имиња: Жил Кунде и Бернардо Силва.
„АС“ тврди дека, меѓу другото, се разговарало и за ситуацијата на Кристијано Роналдо, но малку е веројатно дека Португалецот би се преселил на „Камп Ноу“. Дел од англиските медиуми шпекулираат дека Роналдо на крајот на летниот трансфер период ќе заврши во Челзи.