Французинот Кристофер Галтие е новиот тренер на Пари Сен Жермен. Тој денеска потпиша двегодишен договор со „светците“ и со тоа го наследи Аргентинецот Маурисио Покетино на клупата на парижаните.
Галтие се прослави во Лил, со кого пред две сезони сензационално ја освои шампионската титула, оставајќи го Пари Сен Жермен зад себе.
Минатата сезона 55-годишниот ја водеше Ница, но ПСЖ го откупи неговиот договор за 10 милиони евра и го доведе на „Паркот на принцовите“, иако јавноста очекуваше многу поголемо тренерско име.
Новиот спортски директор Луис Кампос се одлучи за Галтие, откако пропаднаа преговорите со Зинедин Зидан.
DIRECT – PSG: suivez la 1ère conférence de presse de Christophe Galtier https://t.co/Oy8UQ2Z7o4
— Le Figaro Sport (@Sport24Team) July 5, 2022