Маестралниот победнички поен на Калин – сервираше под нога! (видео)

455

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон. Го совлада мексиканскиот тенисер Пачеко Мендез со 2:0 (6:1 и 6:2) во сетови. Последниот поен, победнички за македонскиот тениски ас беше маестрален.
Калин сервираше меѓу нозе и го збуни противникот кој остана во место не очекувајќи ваков мудар потег. Одличниот сервис и топчето заврши во поле, а противникот беше немоќен да врати. Со овој маестрален потег Калин ја запечати победата.

ПретходноЖалбата на тетовци усвоена…намалена казната на Шкендија за инцидентите со Шкупи!
СледноЛШ: Радески и Пјуник против Клуж, Ракип со Малме против шампионот на Исланд