Женската тениска репрезентација на Македонија стартуваше со победа на Били Џин Кинг купот 2022 што се игра во Скопје. Македонија ја совлада Уганда со 3:0 во 1. коло од групата Ц.
Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа своите противнички без загубен гем. Стоилковска славеше со 6:0 и 6:0 над Намаганда, додека Ѓорческа со ист резултат беше подобра од Бирунги.
А нешто подоцна, во последниот меч во парови, Александра Симева во тандем со Катарина Маринковиќ со 6:0 и 6:0 славеа над дуото Бирунги/Намаганда.
Утре македонските тенисерки ќе играат против ривалки од Боцвана, а во чеврток во последното коло ќе играат со противнички од Јужна Африка.