Една година по срцевиот удар, долгиот процес на рехабилитација и неизвесност дали ќе игра или не, Ериксен од Брентфорд направи трансфер во Манчестер Јунајтед со тоа што ќе потпише тригодишен договор со „црвените ѓаволи“. Меѓутоа многу навивачи не можат да му простат на Данецот за овој потег.
Најголем белег во Премиер лигата остави во Тотенхем, па навивачи на овој клуб од северен Лондон објавија видео снимка од палење на дресот на Ериксен со бројот 23 кој го носеше во редовите на „Спарс“. Тие му се лути на Данецот што је се вратил на „Вајт Харт Лејн“ туку одлучил да оди во Манчестер. Тие го сметаат овој потег за предавство.
A man of my word. https://t.co/Hhxe6h1IZA pic.twitter.com/sGfzsMU1Wa
— ⚪️ (@THFC11111) July 4, 2022
Од друга страна за предавник го сметаат и навивачите на Брентфорд. Причината е што Ериксен не останал во нивните редови. Имено, Брентфорд му даде шанса на Данецот да игра во една од најсилните лиги во светот кога никој друг не сакаше да го направи тоа. А тој одигра одлична сезона, но реши да не ја продолжи соработката туку да го напушти клубот.
Затоа бројни навивачи го прозваа на социјалните мрежи.