Новак губеше со 0:2 во сетови, на крај славеше против Синер за полуфинале!

162

Се чини дека беше во загубена позиција во мечот против Јаник Синер, но Србинот сепак кога беше најпотребно покажа дека е голем мајстор на тениската игра и успеа да се извлече и победи со 3:2 во сетови и со тоа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Ова за него е 13 – ти пласман во полуфиналето на најпознатиот турнир во светот на тенисот.

Првиот сет по голем борба го доби Италијанецот со 5:7. И тоа не беше крај на маките на Новак, зошто го загуби и вториот сет со 2:6. Сепак Србинот се разбуди, ги доби наредните три сета и успеа да се извлече од бездната.

Во третиот сет резултатот беше 6:3, а во четвтиот и петиот победи со по 6:2, па така со вкупни 3:2 во сетови оди натаму.

ПретходноЧелик во дефанзивниот ред на Рома
СледноНапред Шкупи: Наградата нека биде двомеч со Динамо Загреб…