Попладнаве во Штип, во пријателски натревар, екипата на Брегалница со 2:0 успеа да ја совлада екипата на Победа и со тоа да покаже дека во моментов има подобар тим од прилепчани. Стрелец на првиот гол беше Ѓокиќ во 61.минута, додека штипјани ставија печат на победата во 88.минута за конечни 2:0, стрелец на голот беше Дарко Додев.
Инаку ова беше прв тест и за Брегалница и за Победа, двата наши прволигаши, во текот на летните подготовки. И двајцата стратези, Илчо Ѓорѓиоски и Бобан Бабунски имаа можност да видат со каков потенцијал располагаат во моментов.
ФОТО: Stipski asovi FB