ПСЖ со 50 милиони евра го купува Скамака од Сасуоло

117

Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека екипата на ПСЖ е подготвена да плати и 50 милиони евра за 23-годишниот напаѓач на Сасуоло, Џанлука Скамака.

Договорот треба да биде затворен следната недела. Клубовите речиси се договориле за трансферот на Скамака, а преговорите стигнаа до финишот и само треба да се прецизираат одредени детали.

Минатата сезона Скамака постигна 16 гола на 36 натпревари во Серија А и стана најдобар стрелец на Сасуоло.

ПретходноУапсен англиски репрезентативец под сомнение за силување
СледноАмериканец со НБА искуство треба да биде новиот натурализиран Македонец