Роден во Велес: Струга ТЛ во преговори со екс голман на Железничар и Вележ!

634

Ведран Ќосевски (27), некогашен чувар на мрежата на Железничар и Вележ, е една од опциите за нов чувар на мрежата на Струга Трим Лум. Во моментов се водат преговори меѓу голманот кој е роден во Велес, но има државјанство на БиХ, и челниците на струѓкиот прволигаш, па останува да се види дали тие разговори ќе вродат со плод.

Инаку Ќосевски, како што веќе рековме, потекнува од младинската школа на сараевски Жељо, има одиграно повеќе од 100 натпревари во седум сезони во период кога бил член на клубот од Грбавица, од 2013 до 2020 година, за да потоа една сезона го бранеше и голот на мостарски Вележ, исто така клуб од БиХ.

ПретходноУште една ракометна легенда објави пензија
СледноДолго, долго патување: “Пандевци“ преку Тирана и Варшава до Гдањск!