Николо Заниоло ја одбил понудата од ПСЖ токму во моментот кога Јувентус се подготвува да испрати официјална понуда до Рома.
Рома се посериозно ја разгледува опцијата за продажба на 23-годишниот италијански репрезентативец поради финансиски причини, особено ако се земе предвид дека неговиот договор истекува летото 2024 година.
Како што објави „Ла Стампа“, опкружувањето на Заниоло јасно ставило до знаење дека останувањето во Италија е приоритет и учтиво го одбиле ПСЖ по неодамнешниот контакт, но се очекува Јувентус во наредните денови да ја достави официјалната понуда до Рома, а Заниоло наводно се договорил со „Старата Дама“.
Торинскиот гигант се подготвува да го продаде стоперот Матијас де Лигт и тие средства би биле искористени за трансфер на Заниоло.