Сандеј Адетунџи: Гол – машината му се “остри“ на Линколн!

336

 

Вечерва од 20:45 часот, во меч од квалификациите во ЛШ, Шкупи го дочекува Линколн,тим од Гибралтар. Јасно е што се очекува од македонскиот првак, а уште појасно е дека еден од главните адути на нашиот претставник е гол –машината Сандеј Адетунџи, напаѓачот од Нигерија, кој блескаше во минатата сезона во ПМФЛ, но блескаше и на подготвителните мечеви со своите голови. Прашајте ги во Фенербахче, тим на кој Нигериецот им стегна два гола среде Истанбул пред неколку денови.

Токму затоа стратегот Гоце Седлоски му порачува на Сандеј дека од него се очекуваат гол(ови) и дека тој треба да биде централна фигура вечерва на дуелот на Арената против шампионот на Гибралтар.

ПретходноЛШ: Радески и Пјуник против Клуж, Ракип со Малме против шампионот на Исланд
СледноГалтие: Роден сум во Марсеј, но ПСЖ во моментов е најдоброто од францускиот фудбал