Тренерот на Шкупи, Гоце Селоски сосема заслужено по мечот презадоволен од она што неговиот тим одигра против шампионот на Гибралтар, Линколн и триумфот од 3:0. Со зарипнат глас, но и очигледна среќа Седлоски порача.
„Честитки до играчите, знаевме дека пред нас имаме квалитетен противник, но она што го побарав од нив го исполнија. Создадовме шанси иако голем дел од мечот игравме без играч помалку. Максимално да се спремиме за мечот таму. Имаме предност но мора максимално да се сконцентрираме на реваншот. Прв меч во Европа нормално е да има мала нервоза. Добро се бранеа, но искоритивме грешките кои ги направи противникот. Ќе тренираме на вештачка трева поради она што не очекува во Гибралтар. Одиме на победа и таму. Задоволен сум од сите не само поединечно, затоа што сите одиграа на потребното ниво“ – изјави Седлоски.