„Серуска Спартакијада“: Русите во август прават своја Олимпијада со над 13.000 спортисти

186

Министерот за спорт на Русија, Олег Матицин, вчера го најави одржувањето на „Серуската Спартакијада“ во август на која очекува настап на околу 13.000 спортисти во 38 олимписки спортови.

Т.н. „Спартакијада“ ќе се одржи во Москва, Казан и Санкт Петербург во периодот од 20 до 29 август.

Во Москва ќе се одржат најголем број спортски натпревари – 18 спортови; во Република Татарстан (Казан) – 12 спорта; во Московскиот регион – 6 спорта; во Санкт Петербург – 3 спорта; во Краснодарската територија, Новгород, Калининград, Челјабинск, Новосибирск, Тулските региони, Карачајско-черкеската Република и територијата Камчатка – по 1 спорт.

Руските спортисти, екипи и репрезентации по започнувањето на конфликтот со Украина се исклучени од скоро сите спортски натпреварувања на планетата.

Претходно„Ле Фигаро“: Галтие потпиша 2-годишен договор и стана нов тренер на ПСЖ!
СледноВоша се врати на тренинзи: Ќе бидам подготвен за реваншот со ЦСКА